29.10.2022 Скопје
Претседателот на Србија, Алесандар Вучиќ, оствари средба со шефицата на Европската комосија, Урсула фон дер Лајен, во која истакна дека е важно да се размислува за гасното поврзување со Црна Гора и Босна и Херцеговина.
Фон дер Лаен во таа прилика изјави дека Србија ќе добие 160 милиони евра директна буџетска помош од Европската Унија за да се избори со енергетската криза, по што Вучиќ се заблагодари на паричната помош од ЕУ, како и помошта при изградбата на интерконекторот, чие завршување се очекува до крајот на следната година.
Вучиќ исто така побарал помош и за изградба на гасовод кој би ги поврзувал Србија и Република Северна Македонија.
Изградбата на гасниот интерконектор меѓу Србија и Бугарија почна на почетокот на оваа година на делот од Ниш до границата со Бугарија кај Димитровград, и со тој гасовод Србија ќе се поврзе на гасоводот меѓу Бугарија и Грција, односно ќе добие можност за снабдување со гас од Азербејџан или од терминалот за течен природен гас на северот на Грција.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, е во посета на регионот, за како што е најавено со лидерите да разговараат за поддршка од Европската Унија во надминувањето на енергетската криза.
Подготвено од М.Н.