https://www.facebook.com/photo.php?fbid=640475477665602&set=pb.100051094670379.-2207520000..&type=3

10.10.2022 Скопје

Српскиот претседател Александар Вучиќ ги коментираше последните воени настани во Украина. Како што изјави, веќе предупредил дека се очекуваат засилени воени операции.

Вучиќ изјави дека како набљудувач веќе најавил заострување на воените дејствија и знаел дека руските сили ќе возвратат, со што потенцира дека цената на нафтата вртоглаво расте.

Српскиот претседател Вучиќ додаде дека друга опасност е тоа што Украина е голем извозник на струја, од Молдавија до балтичките земји. Според него, доколку не ја извезат својата струја тоа ќе допринесе да се појави дисбаланс во цела Европа и се поставува прашањето дали да се купува струја. Воедно, додаде дека зимава ќе биде вистински хаос.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author