21.10.2022 Скопје
По проблемите со ЈСП на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, таа сега се соочува со нови најави за штрајк, овој пат се работи за вработените во ЈП Водовод и канализација-Скопје.
Од Јавното претпријатие изјавија дека од градоначалничката бараат да биде разрешен директорот на ЈП Водовод и канализација-Скопје, Маријан Митовски, поради тоа што овој директор кој е ставен на функција од Данела Арсовска, на 30-тина вработени во претпријатието, има дал нови задачи кои не се соодветствувале со описот на нивното работно место.
Претседателот на ССМ, Дарко Димовски, истакна дека не е возможно хидроинжинери да се праќаат по чуварските куќички, возачи на специјалните возила да седат во базата и ред други неправилности, и ги повика Арсовска, Советот на Град Скопје у Управниот одбор на претпријатието да реагираат со разрешување, бидејќи Митовски правел селекција и раздор помеѓу вработените.
Подготвено од М.Н.