
19.10.2022 Скопје
Од денеска, вработените во Македонски пошти започнуваат со предупредувачки прекини во работата, во време траење од половина час. Вработените паузата во текот на работните часа ќе ја поминат во предупредувачки прекин во работата, бидејќи се уште немаат земено плата за месец септември.
Вработените истакнаа дека предупредувачките прекини ќе се одвиваат за време на паузата во времетраење од половина час, се со цел за да не бидат оштетени корисниците на нивните услуги, но доколку не земат плата тие најавуваат и протест пред Владата.
Истиот ќе се одржи идната сабота на 29 октомври, се со цел вработените да се изборат за земање на задоцнетата плата.
Законската обврска за земање на плата е до 15 во тековниот месец, но до овој момент Македонска пошта нема обезбедено доволно средства за пуштање на платите за вработените.
Подготвено од А.Ѓ.