12.10.2022 Скопје
Министерството за внатрешни работи во акција на вонредни технички прегледи на товарни моторни возила, од вкупно 80, регистрирани се 57 товарни возила кои се неисправни, но биле учесници во сообраќајот.
Од неисправните 57 товарни возила, кај седум била констатирана техничка неисправност на кочниците, шест возила биле претоварени, уште толку превезувале небезбеден товар, а 14 возачи управувале со моторно товарно возило без возачка дозвола. При контролата од Министерството за внатрешни работи, санкционирани се уште 104 останати прекршоци на ниво на цела држава.
Од МВР истакнаа дека до сопствениците и возачите на товарните возила ќе биде поднесена соодветна пријава од законот за прекршување на сообраќајните правила и прописи, и упатија апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат дадените правила и прописи со цел за побезбеден сообраќај на сите учесници во него.
Подготвено од М.Н.