21.10.2022 Скопје
Александер Шаленберг, австрискиот министер за надворешни работи, смета дека војната во Украина нема да биде завршена за брзо.
Во обраќање до надворешнополитичкиот одбор на Парламентот на Австрија, Шаленберг истакна дека по новата ескалација, јасно е дека мировното решение е најдалеку досега. Воедно, укажа дека решението може да се постигне само на преговарачка маса, додавајќи дека опасно е барањето за примирје да се одбива како некоја смешна работа.
Австрискиот министер за надворешни работи се залагаше за посилно поврзување на Западен Балкан со Европската Унија, истакнувајќи дека војната во Украина го крие ризикот од дестабилизација на состојбата на Западен Балкан.
Што се однесува на ставот на ЕУ кон Русија, Шаленберг оцени дека наредните месеци, клучни фактори се единството, умереноста и смиреноста.
Подготвено од А.Ѓ.