https://www.flickr.com/photos/163353197@N08/51821771141/in/photolist-2mXj87M-WhjkBN-sqLZLr-2iCzgog-2ky2kjJ-5FsJU2-7aAF53-2awPWrX-CMfoTD-7JFqZG-2hoAh5V-8suJwx-4bPY4u-nmZGQV-UasuDe-2h96Dw9-5QY3XU-PpeAud-6KozoU-HDfAg9-bMZyJK-2gLtsHt-ayUFvV-2gWBGCX-oeJX8E-LbvCbm-2n9mFXp-Tguc88-2h2yydw-6fQuG-2m2FVQp-WH8cmP-E29zZf-2hpHBLj-4t1mFu-2bedAEA-TxujVJ-6cG5Nk-KnKqNf-2kvcovm-4ej3Rz-4HGJv-2kKdNGq-aBKa33-SXKJsY-2h2yywY-4Az1mw-zugZDP-9qrg2k-2baPkGz

31.10.2022 Скопје

Денеска, Меѓународната организација на трудот предупреди дека во четвртиот квартал од годинава се очекува бројот на слободни работни места и бројот на вработени ширум светот да се намалат, бидејќи војната во Украина и „повеќе кризи кои се случуваат во исто време” веќе доведоа до пониски плати, поголема задолженост и поголема социјална нееднаквост.

Гилберт Хонгбо, новиот генерален директор на оваа агенција на Обединетите нации, ги повика владите да интервенираат за да помогнат во одредувањето на цените на стоките, пренасочувањето на профитот и зајакнувањето на социјалната заштита.

Хоунгбо истакна дека евентуалниот крај на војната во Украина во блиска иднина „понатамошно ќе придонесе за подобрување на глобалната ситуација со вработувањето”.

На почетокот на годината, Меѓународната организација на трудот регистрира подобра состојба на бројот на работни часови во светот, особено кај жените и работниците на висококвалификувани работни места, бидејќи светската економија закрепна од кризата за време на пандемијата на коронавирусот.

Во денешното десетто издание на набљудувачкиот извештај за работата во светот пишува дека бројот на работни часови е намален за 1,5 отсто, што е еквивалентно на работата на 40 милиони вработени со полно работно време.

Во извештајот се наведува дека изгледите за пазарот на трудот се многу неизвесни, бидејќи растат негативните ризици, меѓу кои се ефектите од високата инфлација, сè построгите монетарни политики, поголемото оптоварување на долгот и падот на довербата на потрошувачите.

Меѓународната организација на трудот наведува дека податоците укажуваат на нагло забавување на пазарот на трудот, иако обично е потребно време за забавување на економијата или рецесијата да доведат до намалување на работните места и зголемување на невработеноста.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author