19.10.2022 Скопје
Данела Арсовска, градоначалничката на Град Скопје, најави дека јавниот автобуски превоз ќе биде бесплатен токму онака како што беше најавено во програмата „За модерно Скопје“ и тоа опфаќа целосно јавен градски превоз во првите две години од отпочнувањето на мандатот, што значи дека во втората половина на следната година ќе има бесплатен јавен превоз.
Арсовска истакна дека сите институции кои во моментот му должат пари на ЈСП „Скопје“ за услугите кои ги врши на терен претпријатието и на тој начин оневозможуваат да се обезбедат потребните финансиски средства за тековно подмирување на трошоците кои ги има претпријатието, потребно е веднаш да ги подмират долговите, а доколку не се направи тоа, ќе отпочнат со постапки кои се во нивна надлежност.
Подготвено од А.Ѓ.