https://www.facebook.com/photo.php?fbid=472398271597635&set=pb.100064823975765.-2207520000..&type=3

10.10.2022 Скопје

Владата денес ќе ја испрати до Собранието номинацијата на Ристо Пенов, за нов министер за локална самоуправа, откако претходно ја прати и оставката од таа функција на неговиот сопартиец од ЛДП-Горан Милевски, најави премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски.

Откако Милевски од лични причини поднесе оставка од функцијата на 20 септември, како нов кандидат се пријави Ристо Пенов, кој беше поранешен градоначалник на Град Скопје и има најдолг мандат на таа позиција (1996-2005), а беше и претседател на партијата ЛДП во два мандати до 2007 година.

Ристо Пенов досега не бил министер или пак функционер во Владата, а во два мандати беше пратеник во Собранието до 2011 година, кога и се направи смена во партијата на ЛДП.

По оставката на Милевски, 65-годишниот Пенов е избран од партијата ЛДП како предлог за нов министер за локална самоуправа и сега тој повторно ќе се врати на политичката сцена по претходното негово пензионирање.

Ковачевски претходно изјави дека ДУИ на 15 октомври има најавено избор на претседателство во партијата, но дека во моментов нема никаква најава за било какви промени во владиниот состав.

Подготвено од М.Н.

About Author