06.10.2022 Скопје
Во Лигата на шампионите, Јувентус стигна до првата победа откако со резултат од 3:1 го победи Макаби Хаифа. Со овој триумф, Јувентус ги враќа надежите дека на крајот од првенството може да стигне на едно од првите две места на табелата, кои носат во нокаут-фазата.
Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, и покрај издвоената победа сепак беше лут, бидејќи гостите имаа многу шанси да го израмнат резултатот на 2:2 бидејќи израелците дури трипати ја погодуваа стативата на голот на старата дама.
Играчите беа свесни каков беше мечот, па кога влегоа во соблекувалната, немаше славење туку владееше тишина, бидејќи можевме да победиме со 5-6 гола разлика, но откако примивме гол играчите се уплашија, истакна Алегри.
Фудбалскиот клуб Јувентус беше во озбилна криза и одигра дури пет меча без ниту една победа, но гигантот од Торино полека почнува да се враќа во посакуваниот ритам откако со 3:0 славеше над Болоња во првенството, а сега одигра подобро и издвои победа и со Макаби Хаифа.
Подготвено од М.Н.