kuni i evra

26.10.2022 Скопје

Хрватска од 1 јануари преминува на еврото, а хартиените куни во Словенија ќе може да се менуваат во банки, штедилници и менувачници лиценцирани од Банката на Словенија без провизија, по курс од 7,5345 куни за едно евро.

Централната банка на Словенија соопшти дека ќе разменува банкноти во текот на јануари и февруари, иако плаќањето во куни и во Хрватска ќе биде можно само до 14 јануари.

Според востановената практика на Европската централна банка, куните ќе може да се менуваат до 28 февруари, а исто така се забележува дека нема да може да се менуваат монети и банкноти од постари серии. Воедно, се наведува дека секој граѓанин во еден ден ќе може да замени најмногу до 8.000 куни, што е повеќе од 1.000 евра.

На крајот на овој период, Банката на Словенија повеќе нема да разменува хрватски банкноти бесплатно им порачаа на граѓаните кои најчесто летуваат во Хрватска. Според податоците, до почетокот на октомври оствариле речиси 10 милиони ноќевања во 2022 година.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author