09.10.2022 Скопје
На прес-конференцијата по владината седница, премиерот Димитар Ковачевски изјави дека во следните четири месеци помош ќе добиваат социјално загрозените, пензионерите и невработените.
Во следните четири месеци, по 3.000 денари месечно треба да добијат корисниците на социјална помош, помош за попреченост, посебен додаток, нега од друго лице и невработените и оваа мерка опфаќа 42.000 граѓани и ќе чини над 8 милиони евра.
По 1.500 денари, во наредните четири месеци, ќе добијат пензионерите кои добиваат пензија до 11.525 денари, а тоа се над 91.600 пензионери.
По 750 денари ќе добијат пензионерите со пензии од 11.525 до 14.000 денари, а такви се над 66 илјади пензионери. За оваа мерка се издвоени 12,2 милиони евра.
Овие мерки треба да поминат во Собранието, а премиерот Ковачевски очекува дека сите пратеници ќе бидат на ниво на задачата и што побрзо ќе ги усвојат овие законски измени.
Подготвено од А.Ѓ.