https://www.facebook.com/NieSmeMakedonci/photos/bc.AbpFX8OviLRJLkPfzzemBH7gFT_Ln-a04W3GD26vv2N9fBvJyLkQw8pn8SWcKvyZUIv5e83RU9oO7J92Kyqa8jwMB7tK4fon0D20MeqZ4IPRA6VYGKobWGRlqmgijBQJEOUTrq4oZzwHANvspdcFGpw4YXBcC9U56n2ZcEVwManGx9GIawsEHEbMJOuxBXDPs6Q_rNUFipfpReJiZz5XFaU7L2JSTql3k2-842PZs3XNny--Fu85Vr5Bo-2vTwJXYUzrbSK4qRjt4EogHwZpWYKEeDC1hehzgoA6wG5c3IbnVUhEkCoZzL8SnILZPk74LydiZlmSJo1FjjOmE8yinJEYoCv4l-fPKt0b39mcGK1FUrNIQ_f_mNI4a9AdTtN2mBk/10151841018722138/?opaqueCursor=AbqXkx6OwPYF_CgsD0Q31YAqmVdqYMsAloyt5325JU8VLS1ySwe4n9oH6AMoATv1NM4COg24JCbkvc9EWdTDuExVgwtztwHL1_uRboPN_j4lDtZo524e85GF478UB2RxUnpVeFo3jVvnLgZETuVFBHKoiPI_mFegHfjNvccv5fakPHypv7e3u5bG9gxmlpIH4YzSk8uI2sIN1bjkaLTLG9IX0AOaYUzFP9-7qDRJ60Q9mheLst1zQniQAh0sBMPVtjNfZLIg4Lg5kyrEpLopHaZqnzcFmay8txACPR75Z_958PWNphbMH7M7xRivnbkYdQOvzTfjJp5cnjsYCYlX-x_YRYTB1oVQ-dGnLE4FeD0rT1hGd1YqiynEnWuLEf1Jx6iIy5_IKUfaOkJDNfsO21ZAWlnQSOEy9DjZhUWmaKpn4CFb3M7Ik3mNdsT7DgnnN5qHSxBjb2rtKtI-f-LlxSCgADVAeenzmX_a3jeZ7bq51wpSPoaQpM2Eb63QQbLuuPNHCag_zS1b2caQ5553LC5Z02RzF8loE7oI2Z5rDv1zpBXcd_iaU1oZhphHPwJ793ldQsSyg_2ZH4VNeHo-0jbt

12.10.2022 Скопје

Фатмире Исаки, заменик-министерката за надворешни работи на Северна Македонија, утре и задутре во Скопје ќе биде домаќин на втората меѓународна конференција „Жените во надворешната политика“.

Од Министерството за надворешни работи информираат дека овогодинешната конференција ќе се осврне на теми како вклученоста на жените во меѓународните односи, нивната улога во креирањето политики, водењето преговори, справувањето со конфликти и обезбедувањето одржлив мир.

Целта на конференцијата е да се споделат искуства поврзани со постигнувањето на целосно репрезентативен кадар преку вклучување на родовиот аспект во полето на надворешната политика.

На конференцијата се очекува да присуствуваат поголем број на државни функционери, истакнати личности од политичката фела и од експертската јавност, дипломати од регионот и пошироко, како и претставници на младински организации во земјата. Преку споделување на нивните искуства, учесниците ќе ја зајакнат ЗБ6 Мрежата на жени во надворешната политика, која во иднина ќе биде отворена за соработка и со други меѓународни мрежи.

Конференцијата е под покровителство на премиерот Димитар Ковачевски.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author