https://commons.wikimedia.org/wiki/File:Bunker_Sch%C3%BCrmatt_A_5247_Spreitenbach.jpg

11.10.2022 Скопје

Заменик министерот за внатрешни работи на Полска, Мачеј Васик, изјави дека полските пожарникарски служби проверуваат во каква состојба се подземните засолништа и нивниот инвентар.

Иако Полска како Земја Членка на НАТО ги уверуваше своите граѓани дека западниот воен пакт им гарантира безбедност од Руските воени напади, сепак настаните во соседна Украина, ја доведоа во фокус потребата за спремност во случај на ракетен напад.

Васик додаде дека Полска не е загрозена, но дека се подготвува за најлошото сценарио, односно дека руски активисти имаат веќе испланирана акција.

Пожарникарите вршат проверка во каква состојба се засолништата, дали се добро опремени и дали воопшто можат да се користат, доколку немаат услови ќе се превземат вистински чекори да бидат прилагодени, и спремни за нивна употреба.
Овој процес на проверка на засолништата ќе трае околу два месеци, истакна Мачеј Васик.

Подготвено од М.Н.

About Author