13.10.2022 Скопје
Во текот на наредните 10 дена ќе биде објавен јавен повик за новата социјална зграда во Општина Виница, која е изградена и финално завршена со технички прием, а веднаш потоа ќе ја објавиме и социјалната зграда во Свети Николе, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.
Бочварски истакна дека во програмата имаат обезбедено средства за да се распише постапка и да се влезе во реализација на уште една социјална станбена зграда во Општина Штип, и додаде дека тој е отворен за соработка со сите градоначалници и ќе даде поддршка на сите општини каде ќе има интерес за вакви проекти.
Во програмата за локални патишта, како што додаде министерот Бочварски, досега имаат реализирано и во фаза на реализација се преку 23 милиони евра, кои директно се вложени во сите општини каде што има потреба, во локалните средини и во патиштата кои се под општинска ингеренција.
Бочварски упати апел и ги повика градоначалниците на општините, да бидат активни, да носат квалитетни проекти кои ги имаат сите изработени фази со цел да бидат аплицирани во Министерството за транспорт и врски, и додаде дека секогаш се тука отворени за соработка и подршка.
Подготвно од М.Н.