17.10.2022 Скопје
Градоначалникот Сергеј Собјанин соопшти дека канцелариите на руската армија во Москва денеска ќе бидат затворени, нагласувајќи дека мобилизациските квоти на Кремљ за регрутирање резервисти за борба во Украина се завршени во главниот град.
Собјанин на неговата веб-страница објави дека собирните точки за мобилизираните луѓе ќе се затворат на 17 октомври 2022 година, во 14:00 часот, 11:00 GMT. Исто така, додаде дека задачите на делумната мобилизација, објавена пред нешто повеќе од еден месец, во градот се целосно завршени.
Подготвено од А.Ѓ.