24.10.2022 Скопје
Денеска од владиниот Сектор за односи со јавноста соопштија дека АД ЕСМ на 23.10.2022 година има произведено 10.709 MWh електрична енергија.
Во Термоелектраните произведени се 6.896 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 3.813 MWh.
Во соопштението се наведува дека АД ЕСМ во изминатото деноноќие целосно ги задоволи потребите за струја на домаќинствата и на малите потрошувачи исклучиво од сопствените, домашни капацитети.
Подготвено од А.Ѓ.