https://commons.wikimedia.org/wiki/File:Banderas_europeas_en_la_Comisi%C3%B3n_Europea.jpg

03.10.2022 Скопје

После долги години во Брисел се одржува 12-от Совет за асоцијација меѓу ЕУ и Израел.

Средбата ја водат шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, и министерот за надворешни работи на Израел, Јаир Лапид. Попладнево, средбата ќе почне во европската престолнина и ќе биде посветена на теми како руската агресија врз Украина, енергетската криза, кризата со храна, но и човековите права.

Амнести Интернешнл испрати писмо до високиот претставник на ЕУ, Борел, во кое бара да ја искористи денешната прилика да проговори гласно за непочитувањето на меѓународното право од страна на Израел. И покрај принципите на меѓународното право, Израел продолжува да ги населува нелегално палестинските територии.

Во писмото од Амнести, стои и да се продолжи како и обично додека израелските власти ја ескалираат репресијата врз палестинските човекови права и натаму засилуваат суров систем на опресија и доминација само ќе ги охрабри, не само израелските власти, туку и сите влади кои ги нарушуваат правата ширум светот.

Палестинското-белгиско здружение, кое е дел од Европската платформа на здруженија за Палестина, предупредува дека повторното одржување на Советот за асоцијација со Израел ќе испрати погрешна порака и покрај заложбите на ЕУ за човекови права.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author