brisel belgija

20.10.2022 Скопје

Одлуката донесена на крајот на септември да се гаси градското светло 30 минути порано се укинува поради проблеми за безбедноста на граѓаните.

Градоначалниците на општините во Брисел пред повеќе од две недели, поради енергетската криза, донесоа одлука да се гасат уличните градски светла половина час порано наутро, денеска оваа одлука се укинува после повеќе сведоштва.

Меѓу сведоштвата се наоѓаат повеќе девојки и жени кои велат дека се чувствуваат небезбедно, но и пешаци и велосипедисти кои се нашле во сообраќајни незгоди поради недостатокот на светлина наутро.

Поради ова градоначалниците, во текот на вчерашниот ден, се согласија да ја укинат одлуката врз основа на полициски извештаи. Понатаму ќе се работи на нов план во соработка со операторите и општините за да се најде компромисно решение меѓу потребата за штедење на електрична енергија и безбедноста на граѓаните на градот Брисел.

Градоначалниците по нивната средба објаснија дека едно од можните решенија е да се воведе оваа мера само за време на викендите бидејќи помалку луѓе стануваат рано за работа, а децата не одат во училиште.

Конечната одлука се очекува во текот на ноември.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author