26.10.2022 Скопје
Во Бања Лука, Република Српска, се одржа собир под мотото „Татковината вика“ во организација на политичката партија СНСД и владеачката коалиција.
Собирот беше најавен од лидерот на СНСД, Милорад Додиќ, и истакна дека ќе бидат донесени одредени позиции кои ќе бидат насоки, за тоа како ќе се движи политиката во наредните години, а ќе се работи и на зајакнување на субјективноста на Република Српска.
На главниот транспарент, кој го носеа лидерите и другите учесници на митингот пишуваше „Нека победи Српска“ а на други транспаренти стоеја пораки „Милорад Додиќ е наш претседател“ и „Да ја браниме вистината“.
Во колоната на митингот имаше и познати личности од јавниот, културниот, политичкиот и општествениот живот на Република Српска.
Подготвено од М.Н.