https://www.facebook.com/WorldMeteorologicalOrganization/photos/pb.100064553419586.-2207520000../10158304894686888/?type=3

03.10.2022 Скопје

По повод претстојната климатска конференција на ОН (COP27), генералниот секретар на Светската организација, Антонио Гутереш, го повика светот да дејствува за да се спречат климатските катастрофи и да се спаси човечкиот вид.

Во седиштето на ОН во Њујорк, Гутереш изјави дека тоа е прашање на живот или смрт, за нашата безбедност денес и нашиот опстанок утре.

Годинешната конференција за климата (COP27) ќе се одржи во Египет, во ноември.

По повод отворањето на подготвителниот состанок во Киншаса, Демократска Република Конго, Гутереш потсети дека од ова лето влијанијата од климата ширум светот се огромни, објаснувајќи дека третина од Пакистан беше поплавена, додека пак летото во Европа беше најжешкото во последните 500 години. Воедно, истакна и дека Филипините беа погодени, а Цела Куба беше во мрак.

Во врска со моменталната ситуација во САД, Гутереш го истакна ураганот Јан, потенцирајќи дека ураганот беше потсетник дека ниту една земја, ниту една економија не е поштедена од климатската криза.

Шефот на ОН повика на акција на конференцијата COP27, наведувајќи дека тоа е морален императив.

Подготвителниот состанок за годинешниот климатски состанок пред COP27, во главниот град на Демократска Република Конго, обединува министри за животна средина и експерти од околу 60 земји.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *