https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/8/80/Praistorisko_Nakolno_Zivealiste_-_Muzej_Na_Voda.JPG

31.10.2022 Скопје

Денеска, охридскиот Завод и Музеј соопшти дека влезот во музеите и галериите во Охрид ќе биде бесплатен секој први во месецот, почнувајќи од утре, 1 ноември.

Граѓаните ќе можат бесплатно да ги посетат Куќата на Робевци, Самуиловата тврдина, Музејот на вода во Градиште и Галеријата на икони.

Бесплатен влез секој прв ден од месецот во музеите и локалитетите, кои се под надлежност на НУ Завод и Музеј – Охрид, се реализираше и минатата година.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author