https://www.facebook.com/NATO/photos/pb.100064771413898.-2207520000../5474184779271475/?type=3

13.10.2022 Скопје

Заменик-секретарот на рускиот Совет за национална безбедност, Александар Венедиктов, изјави дека приклучувањето на Украина во НАТО може да доведе до Трета светска војна и НАТО тоа го сфаќа.

Венедиктов истакна дека украинското барање за брзо членство во НАТО е „повеќе пропаганден потег“. Воедно, додаде дека Киев е свесен дека таков чекор значи загарантирана ескалација за Трета светска војна, но очигледно тие сакаат да создадат информативна врева и уште еднаш да го свртат вниманието кон себе.

Рускиот висок безбедносен претставник изјави и дека покрај декларациите за директно невклучување во настаните во Украина, вистинските дејствија што ги има преземено Западот покажуваат дека се директна страна во конфликтот. Исто така, додаде дека приемот на Украина во НАТО ќе значи автоматско активирање на членот 5, кој гарантира дека земјите од НАТО ќе учествуваат во одбраната на членка која е во војна.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author