13.10.2022 Скопје
Здравствените власти во Европа, во текот на вчерашниот ден, објавија дека показателите укажуваат на уште еден бран на инфекција со Ковид на овој континент.
Во заедничка изјавата на Стела Киријакидес, европска комесарка за здравје и безбедност на храна, Ханс Клуге, регионален директор на Светската здравствена организација за Европа и Андреа Амон, директорка на Европскиот центар за превенција и контрола на болести, стои дека иако не сме таму каде што бевме пред една година, јасно е дека пандемијата на Ковид-19 се уште не е завршена. Воедно, констатираа дека повторно се бележи пораст на показателите во Европа, што укажува дека започнал уште еден бран на зарази, скренувајќи внимание на можното повторно појавување на грипот со доаѓањето на есента и зимата.
Во соопштението се истакнува дека милиони луѓе ширум Европа се уште не се вакцинирани против Ковид-19. Исто така, се наведува дека европските земји треба да вложат максимални напори да стигнат до невакцинираните, за да добијат и дози од вакцината против Ковид-19, а во исто време да дадат дополнителни дози на приоритетните групи, согласно националните препораки.
Подготвено од А.Ѓ.