18.10.2022 Скопје
Владина делегација која ќе биде предводена од премиерот Димитар Ковачевски, во текот на утрешниот ден треба да патува во Обединетите Арапски Емирати. Делегацијата која ќе патува ќе биде минимална, соопшти премиерот Ковачевски.
Заедно со премиерот Ковачевски ќе патуваат и министерот за финансии, Фатмир Бесими со раководителот на секторот за меѓународни финансии, додека министерите за земјоделство и за транспорт и врски, Љупчо Николовски и Благој Бочварски ќе одат без советници од своите кабинети.
Од кабинетот на премиерот Ковачевски ќе патува еден советник задолжен за организација и еден претставник кој е задолжен за односи со јавноста. Владината делегација на Обединетите Арапски Емирати ќе и претстави микроекономските политики, развојни цели на Северна Македонија и ќе оствари средба со претставници на неколку фондови.
Подготвено од М.Н.