20.10.2022 Скопје
Во демантот на Министерството за локална самоуправа, се вели дека информацијата од Владата за тоа дека Министерството потрошило за 79 отсто повеќе струја во септември оваа година во споредба со истиот месец минатата година, содржи неточни и невистинити податоци.
Според евиденција во книговодството во Министерството, доставените фактури од ЕВН за период од 1 до 30 септември годинава, министерството потрошило вкупно 4.701,45 киловатчасови електрична енергија, а во споредбениот период од 1 до 30 септември 2021 година вкупно 8.245 киловатчасови.
Тоа е значително намалување или заштеда за 43 отсто електрична енергија, со што Министерството за локална самоуправа се вбројува во државните институции и министерства кои заштедиле најмногу во овој месец, стои во демантот на Министерството за локална самоуправа.
Подготвено од М.Н.