
17.10.2022 Скопје
Од ЈП „Лајка“ информираат дека месец септември е прогласен за месец со најмногу вдомувања за оваа календарска година.
Во објавата на ЈП „Лајка“ стои дека со вкупно 55 среќно вдомени кучиња во изминатиот месец септември, го рушат рекордот во успешно реализирани вдомувања на месечно ниво. Воедно, упатија благодарност до тимот на ЈП „Лајка“, активистите и здруженијата за заштитата на животни.
Подготвено од А.Ѓ.