https://www.flickr.com/photos/diegoperuzzi/42464953134/in/photolist-27GtZ7o-4A66xq-TrXvdH-dWw6qj-aqk6xY-ptjDUF-2bx1ZLg-hSQ7ik-vNeYfp-6vCHwq-252yPsu-2bdyo1W-2bbFZu9-272SCHb-pCsDPA-4ueo4a-wiHiye-T4nyCh-TmKgHd-YK1aMS-dx8Ln8-ACG5r1-UHvoCR-Tvt4h8-Spw8AM-RGpKJY-TrXvnR-db12wX-NAiKtG-9atZwf-X3s3d7-5netJy-93PQP8-8iBQRK-e6EkFH-5SPx8-V6DMue-26eJfJ3-o5fHtE-2aZnpTB-8iBDWz-VEveDE-2c7DiPM-Jgv9CL-DFcdyH-piABUq-XKKnGs-nw92Xk-RGdHYV-VwzDGe

13.10.2022 Скопје

Вежбите за деца од предучилишна возраст се од исклучителна важност за развојот на нивните моторни вештини, сознанието, креативноста и разни други способности.

Без разлика за какви вежби станува збор, треба да се запомни дека децата учат и вежбаат преку игра. Многу експерти ја нагласуваат важноста на едукативната игра за децата од предучилишна возраст, ставајќи посебен акцент на играта како многу добра и ефикасна активност во развојот на основните моторни вештини кај децата.

Благодарение на соодветните и квалитетни игри во предучилишната возраст, децата развиваат позитивни емоции, чувство на самодоверба и самопочит, љубопитност и кративност, подобри кондициски способности, подобро здравје, подобра психичка подготвеност и подобри работни перформанси.

Постојат различни видови на вежби за децата од таа возраст кои можат да се изведат во форма на задачи, игри или вежби, со цел децата да бидат максимално вклучени во тоа, мемориски картички, препознавање, боење на слики, графомоторични вежби, спортски вежби.. се само дел од оние во кои детето ќе пронајде забава а во исто време и едукација.

За децата од предучилишна возраст најважни се моторните вежби а треба да бидат поттикнати од игри од типот на брзина, координација, флексибилност и сила. Моторните вежби се тесно поврзани со елементи на различни спортски игри како фудбал, ракомет, одбојка и сл. Со овие игри децата учат координација и вежбаат движење, а дополнително учат и да користат друг предмет, односно топка.

Она кое е важно да се нагласи е дека физичката активност на децата од предучилишна возраст е пресудна за овој вид на вежбање, и тоа е исклучително важно за нивниот правилен раст и развој.

Исто така од голема важност се вежбите за моториката кај децата, и едни од наједноставните и најпогодните моторни вежби се, фрлање топка во далечина, фрлање топка во воздух, тркалање на топка, игра со обрачи и скокање и лазење. Овие моторни вежби најдобро функционираат кога се максимално исполнети со игра, наместо со натпревар или само извршување, затоа е важно секогаш да се нагласува важноста на играта преку забава, игра, дружење и смеа.

Подготвено од М.Н.

About Author