11.10.2022 Скопје
Владата на Република Северна Македонија на вчерашната 89-та одржана седница, утврди два предлог закони за ратификација на договори, кои беа предложени од страна на Министерството за надворешни работи, коишто се однесуваат на потпишани договори при соработка во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“.
Владината прес-служба соопшти дека утврден е Предлог на законот за ратификација на Договорот помеѓу земјите од Западен Балкан од областа на меѓусебното признавање на дипломи и научни степени кои се издадени од високообразовни институции и други овластени институции, чија цел е да се олеснат процедурите за признавање на истите.
Вториот е Предлогот за законот за ратификација на Договорот за соработка за заштита од можни катастрофи на Западен Балкан, чија цел е договорените страни, во согласност со соодветните расположливи капацитети, да си помагаат меѓусебно, во случај на катастрофи, кога договорената страна барател, не е во состојба сама да се справи со последиците од катастрофата, користејќи ги своите ресурси, односно кога ќе има недостаток на свои ресурси.
Подготвено од М.Н.