03.10.2022 Скопје
Чешкото Министерство за надворешни работи, поради влошување на безбедносната состојба, ги повика своите граѓани да ја напуштат Русија.
Во соопштението на чешкото Министерство за надворешни работи се наведува дека со оглед на воената инвазија на Руската Федерација во Украина, што е во тек, и можната закана за влошување на безбедноста во земјата, особено за граѓаните на државите членки на ЕУ и НАТО, чешкото Министерство за надворешни работи повикува на напуштање на територијата на Русија.
Ист повик за своите граѓани имаа и други членки на Европската Унија, вклучувајќи ги Полска, Романија, Бугарија и Северна Македонија.
Подготвено од А.Ѓ.