04.10.2022 Скопје
Унгарскиот парламент го усвои првиот од серијата антикорупциски закони, додека Будимпешта се обидува да избегне губење на средствата на Европската Унија, бидејќи нејзината економија запаѓа во рецесија и форинтата достигнува рекордно ниско ниво.
Владеачката партија Фидес на премиерот Виктор Орбан усвои амандман на кривичниот законик, со кој се воведува кривична постапка за прекршоци поврзани со управувањето со јавниот имот, дозволувајќи судски преглед доколку истрагата е затворена без обвиненија или отфрлени кривични пријави.
Законот е еден од 17-те обврски што владата на Орбан ги презеде пред Европската комисија за да спречи суспендирање на милијарди евра од фондовите на ЕУ поради прекршување на демократската контрола, вклучително и слаби антикорупциски мерки.
Орбан, кој долго време е во несогласување со ЕУ, се соочува со зголемените енергетски трошоци и инфлација, рекордна слаба форинта и забавување на економијата. Сега, премиерот Орбан изгледа е подготвен да ги исполни барањата за создавање институции кои ќе ги намалат ризиците од корупција.
Европската Унија ќе има рок до 19 Ноември да процени дали последните акции на Унгарија го потиснуваат ризикот од злоупотреба на европските фондови.
Подготвено од А.Ѓ.