03.10.2022 Скопје
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Унгарија, Србија и Австрија се тешко погодени од проблемот со илегалната миграција, која бара многу енергија и ги изложува на огромни трошоци.
На прес-конференција со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и австрискиот канцелар Карл Нехамер, по трилатералната средба во Будимпешта, Орбан изјави дека самиот тој го иницира самитот поради влошувањето на состојбата со илегалната миграција.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан, нагласи дека од мигрантските рути кои што водат кон Европа, најтешко погодена е западнобалканската рута и поради таа причина мора да се донесат соодветни решенија, бидејќи овие земји веќе се на работ на исцрпување, со што се согласиле и претседателот на Србија, Александар Вучиќ и австрискиот канцелар, Карл Нехамер.
Подготвено од М.Н.