https://www.facebook.com/photo.php?fbid=3183641108552910&set=pb.100007211555008.-2207520000.&type=3

18.10.2022 Скопје

Во текот на вчерашниот ден, унгарскиот премиер Петер Сијарто изјави дека унгарската влада не го прифаќа предлогот на ЕУ за формирање мисија за обука на 15.000 украински војници на територијата на ЕУ, бидејќи тоа ќе доведе до опасност од ескалација на војната во Украина.

Во согласност со законот, Сијарто не учествувал на гласањето на вчерашниот министерски состанок во Луксембург и е единствениот претставник на земја-членка на ЕУ што го има направено тоа.

Министрите за надворешни работи на ЕУ, во Луксембург, го одобрија почетокот на мисијата ЕУМАМ Украина за обука на 15.000 украински војници на територијата на ЕУ и ѝ доделија на Украина нови 500 милиони евра за купување оружје.

Унгарскиот премиер Сијарто истакна дека неговото отсуство за време на гласањето не ги спречило министрите за надворешни работи на Унијата да го усвојат предлогот, но дека Унгарија не сака да придонесе во финансирањето на операцијата.

Сијарто, исто така, истакна дека сè што води до ескалација, не е нешто што мислат дека е добра идеја и оцени дека со тоа Централна Европа ризикува да биде воведена во конфликтот.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author