https://www.flickr.com/photos/142872259@N05/40620312542/in/photolist-24TtHJf-nJXtcc-o2qxui-nZoGVj-2h9bQcP-o2qzzk-nZoaBs-nJWwm3-83kNsT-o2qC3X-o28QvH-nJWhDH-nJWhj4-o4d8F6-o28Bqe-o4dmBg-nZogQu-o2jxNd-nJXm3H-nJWCgt-nJWFyQ-nZoKQs-o2qK2r-o2jdoS-nJXbFX-o2qJzV-2h9aFHN-o293Qx-nJXU6R-nJWqRW-o2kz6d-82Mz1Y-o29kg8-nJWU87-83pdNS-nJWadF-o2kGNh-o4d3k6-o4dPdT-nJWGwU-o4dzGV-2dTYr4v-nZopvj-nZouBS-o2jfJd-o2ks8W-o2iBz3-2gyNs4n-nJWSJX-2gNaruq

12.10.2022 Скопје

Во текот на утрешниот ден Европската комисија треба да го објави нацрт-извештајот за Република Северна Македонија. Во извештајот се наведува дека е потребна ефективна импламентација на постојаното законодавство, наместо да се покренуваат сд хок иницијативи.

Единствено во економските критериуми е наведен добар напредок, а во усогласеноста на земјата во европската надворешна и безбедносна политика има многу добар прогрес. Исто така се наведува дека се направени реформи во службите за безбедност, но дека треба да се зајакне капацитетот за парламентарен надзор врз работата на тајните служби, а забележано било и дека доцни донесувањето на законите за административни службеници и законот за вработени во јавниот сектор.

Во однос на усогласеноста на државата со надворешната и безбедносната политика на Европската Унија, се наведува дека има многу добар напредок, бидејќи замјата застана на страна на ЕУ во однос на Руската инвазија врз Украина.

Правниот систем има постигнато одреден степен на подготвеност, Судството ја има покажано својата заложба за да го заштити својот интегритет и независност, има постигнато и умерено ниво на подготовка во борбата против корупцијата, како и дека за голем број на предмети веќе има првостепена пресуда, а отворени се постапки и против високи владини функционери, наведено е во извештајот.

Земјата одржува добри односи со другите земји од регионот, кои се во евроинтегративен процес, потребно е подобрување н управувањето со јавните инвестиции, банкарскиотсектор е стабилено но од друга страна гилемата сива економија го кочи бизнисот.

Подготвено од М.Н.

About Author