ukraina struja

20.10.2022 Скопје

Денеска, Украина првпат воведува рестрикции на електрична енергија низ целата држава поради руските ракетни напади, кои уништија дел од нејзините енергетски постројки во пресрет на зимата.

Владини претставници и електро операторот „Укренерго“ соопштија дека снабдувањето со електрична енергија ќе биде ограничено од седум до 11 часот наутро.

„Укренерго“ соопшти дека овие ограничувања на потрошувачката се само за денеска.

Изминатите денови, Русија ги засили нападите со ракетни и беспилотни летала врз инфраструктурата за електрична енергија и вода во Украина.

Во текот на вчерашниот ден, украинскиот претседател Володимир Зеленски истакна дека во последните 24 часа биле уништени три енергетски објекти.

Укринформ јави дека во меѓувреме во Киев веќе започнува исклучувањето на струја.

Снабдувањето со електрична енергија синоќа во 23:24 часот по локално време, било прекинато за да се избегне хаварија.

Според компанијата за испорака на струја до потрошувачите, ниту еден од нив во главниот град денеска нема да биде без струја повеќе од четири часа.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author