04.10.2022 Скопје
Во кандидатурата за организација на мундијалот за светското првенство во 2030 година, Украина ќе им се придружи на Португалија и Шпанија.
Првите луѓе на фудбалските федерации на Португалија и Шпанија, ќе ги посетат канцелариите на УЕФА во Нион, за да презентираат нов партнер во кандидатурата за СП 2030 и тоа ќе биде Украина.
Шпанија и Португалија ќе го понесат поголемиот дел на товарот за организација, додека пак Украина ќе има симболична улога и ќе биде домаќин на една група.
Се очекува до 2030 година, Украина да се врати во нормала, и да има доволно време да ја реконструира својата инфраструктура по војната со Русија.
Главен конкурент за организација на мундијалот за Светското Првенство во фудбал се очекува да им биде кандидатурата на Грција, Египет и Саудиска Арабија, кои сакаат Светското првенство да се одигра дури на три континенти.
Подготвено од М.Н.