27.10.2022 Скопје
Руски медиуми изјавуваат дека Киев веќе ги има завршено техничките проблеми за провокација со „валкана бомба“, со што било испланирано да биде наполнета со радиоактивен материјал, а потоа украинската противвоздушна одбрана да ја „собори“ над Чернобилската нуклеарна централа и со тоа да ја обвинат Русија дека лансирала нуклеарен проектил.
Како што се изјавува по медиумите, киевските власти имале во план, откако ќе го соборат моделот на ракетата, да им покажат на западните и украинските медиуми делови од ракетата и делови од електрониката, кои наводно припаѓаат на ракетата од „искандер“, за да го убедат западот дека Русија е виновна за тој напад.
Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, изјави дека Киев планира да употреби таканаречена валкана бомба, но министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, ги демантираше тие изјави и истакна дека Киев нема планови за употреба на валкана бомба и дека тие тврдења на Москва се апсолутно неточни.
Подготвено од М.Н.