25.10.2022 Скопје
Претседателот на Врховната Рада на Украина, Руслан Стефанчук, му го додели Орденот „Јарослав Мудриот“ на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, во рамките на Првиот парламентарен самит на Меѓународната Кримска платформа кој што се одржува во Загреб.
Орденот „Јарослав Мудриот“ се доделува за значајни лични заслуги во зајакнувањето на меѓудржавната соработка, поддршката на државниот суверенитет и територијалниот интегритет на Украина, за значителен придонес во популаризацијата на украинската држава во светот.
Од собраниската прес-служба информираат дека покрај Џафери, овој Орден за заслуги го добиле и Ненси Пелоси од САД, Бас Бербел од Сојузна Република Германија, како и повеќе политички личности од Полска, Норвешка, Ирска, Швајцарија, Франција, Естонија, Литванија и Хрватска
Подготвено од А.Ѓ.