18.10.2022 Скопје
Украина доби 2 милијарди евра финансиска помош од ЕУ, што е прва транша од пакетот од 5 милијарди евра одобрен по почетокот на руската инвазија врз Украина.
Украинскиот премиер Денис Шмихал информира дека дополнителните финансиски ресурси ќе помогнат во покривањето на буџетските трошоци, особено во социјалната и хуманитарна сфера. Воедно, истакна дека Украина оваа година добила вкупно 4,2 милијарди евра макрофинансиска помош од ЕУ.
Украинската економија доживеа голем пад по рускиот воен напад што почна на 24 февруари. Поради тоа, западните земји, освен воена, ѝ пружаат и финансиска помош на Украина за да има пари за тековни трошоци.
Подготвено од А.Ѓ.