https://www.facebook.com/photo/?fbid=10153209083812977&set=bc.AbrU98YE9ilvlU2Sk4Rw6p77u71hNd7KkBsyCEASHId3loBCOK75deBHcan5KHhDApHJCpdRSYMsYPgtSRolbuX0w8PxYWQwreqO7VinCE_fdNTDc6xLcNt0eEIcjFQ8IRXQWC2yLjKeObMRe9HYNL3H&opaqueCursor=Abq9J9lXjBygZkifNGol07Xh3XJU3Uhd8csurrTwK1y2YBHNg2OKPi3qwrEa-cXk8_fQs93m-heYKp-Mna1ikZ3OD4RYJGzSU9MVq370kSYVIthRs8-r5LkTVD6wC_vRBbgzr7o0I1GEbo_5ERGFomTPfY1GyBgfUS_94PNNEJUNlxDcCY4l9H934X6-qWX3zTo0x_mny2FRCNSe3dl-xSFhp999QZKLMtAtZsm_wN14AQ9noXhDLu49HHleiHAYC7c0QEOBfYumBd8e0kHcGRYIKSNdoZbGHVBm3xPOI70-Y-0414nBfmlEh4Z5yyPLSqQLqVZmAUpUpkpSE0H8frx8Dgrc1SnHeBQKOZJZDioJN9oLQWkgovFNzNNZxiHvy8Vb89JXZspC_Wy2VBpakvDmJmYQowxsvb4sM1nZEafO6AR5zLN5wO6e4OPwry3cVHQIBjLTx2XDzcmcvj3eONMFO3eSSqKkEz2rseBAXCghUndjfOJnh1eO3HlvVEX_4PpDGa2fdimRgML7Qa409_nKU0L9VfWzuar7Mu-3e2xcvwKHrZkkFpT1lU7PCEF-H2Zgj7BwbBbDrmuWi0_rvuwXTDg29POyHdTenB7XCq9AIDE3ey3MONGCXOiYPopnJ5A

14.10.2022 Скопје

Турскиот парламент, вчеравечер, усвои Закон за борба против лажните вести и дезинформациите, со оспорувани одредби што предвидуваат и затворски казни за ширење дезинформации.

Најконтроверзната одредба во новата легислатива, членот 29, предвидува казна затвор до три години за ширење информации што се спротивни на вистината за прашања од областа на безбедноста, јавниот ред и здравјето во Турција, односно ширење дезинформации што наводно имаат намера да предизвикаат загриженост и паника во јавноста.

Опозицијата соопшти дека новата легислатива е со цел замолчување на критичарите на власта пред претседателските и парламентарните избори закажани за јуни.

Критичарите предупредуваат дека корисниците на социјалните мрежи може да бидат притворени доколку споделат содржина која власта ја смета за лажна.

Законот од 40 членови беше усвоен од владејачкото мнозинство во Парламентот, составено од пратеници на Партијата на правдата и развојот на претседателот Реџеп Таип Ердоган и нејзините сојузници.

Ердоган се заложи за усвојување на Законот, истакнувајќи дека лажните вести и растечкиот „дигитален фашизам” се закани за националната и глобалната безбедност.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author