https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/d/db/Unai_Emery_-_Sevilla.jpg/800px-Unai_Emery_-_Sevilla.jpg

25.10.2022 Скопје

Унаи Емери, е подготвен да го напушти шпанскиот клуб Виљареал и да се врати на Премиерлигата, односно да биде нов тренер на Астон Вила.

Астон Вила силно е заинтересиран за Унаи Емери, кој е фаворит за наследник на Стивен Џерард кој неодамна беше отпуштен и според некои англиски медиуми, Емери сакал да се врати во Премиерлигата и е подготвен да ја прифати понудата на Астон Вила.

Во наредните денови се најавува дека ќе бидат оддржани клучните преговори меѓу двете страни. Заминувањето на Емери од шпанскиот клуб Виљареал нема да биде проблем, бидејќи тој има откупна клаузула од 6 милиони евра, а Астон Вила е подготвен да ја плати таа сума.

За Унаи Емери ова би било враќање во Премиерлигата откако претходно беше тренер на фудбалскиот клуб Арсенал.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *