https://scontent.fskp4-1.fna.fbcdn.net/v/t39.30808-6/290985069_406754201495375_8224701040049017391_n.jpg?_nc_cat=103&ccb=1-7&_nc_sid=730e14&_nc_ohc=qyOOknPie2AAX-9dkAH&_nc_ht=scontent.fskp4-1.fna&oh=00_AT_FG6t7AcvqwXxVba562PNCASc0ooH8v2QZN22_U5-zhw&oe=62D55A94

16.10.2022 Скопје

На светските берзи владее несигурност, бидејќи централните банки ќе продолжат да ги зголемуваат каматните стапки поради високата инфлација, што може да доведе до забавување на економскиот раст, па дури и до рецесија, што не е во корист на поризични инвестиции.

На Волстрит, Dow Jones минатата недела порасна за 1,15 отсто, на 29.634 поени, додека S&P 500 падна за 1,55 отсто, на 3.583 поени, а индексот Nasdaq за 3,1 отсто, на 10.321 поени.

Во текот на неделата овие индекси значително флуктуираа. На почетокот на неделата тие значително паднаа, за кон средината на неделата силно да пораснат.

Но, нивниот раст беше само последица на техничка корекција по долгорочен пад, бидејќи апсолутно нема причина да се купуваат акции.

Во четвртокот беше објавено дека потрошувачките цени во САД пораснале за 0,4 отсто на месечно ниво во септември, а за 8,2 отсто на годишно ниво, што е малку повисоко од очекувањата на аналитичарите.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author