28.10.2022 Скопје
Франк-Валтер Штајнмаер, германскиот претседател, изјави дека светот влегува во фаза на конфликт и доаѓаат тешки години за Германија.
Германскиот претседател Штајнмаер истакна дека Германија е во најтешката криза од обединувањето, додавајќи дека руската инвазија на Украина го урна безбедносниот поредок на Европа. Исто така, потенцира дека Германија мора да биде способна да се справи со конфликтите, како и дека не е потребен воен менталитет, туку дух на издржливост.
Штајнмаер истакна дека новата конфронтација на блокот не е во интерес на Германија и државата мора да ги намали зависностите, но и да продолжи со напорите за постигнување на најдобра можна меѓународна соработка.
Подготвено од А.Ѓ.