13.10.2022 Скопје
Денеска, највисокиот европски суд соопшти дека компаниите во Европската унија можат да забранат носење шамии, се додека се работи за општа забрана што не ги дискриминира вработените жени.
Одлуката произлегува од случајот на муслиманка која аплицирала за шестмесечна пракса во белгиска компанија, а и било посочено дека не може да носи покривка врз главата на работното место.
Од компанијата беше појаснето дека спроведува политика на неутралност, што значи дека во нивните простории не е дозволено покривање на главата, без разлика дали е капа или шал.
Жената ставот на компанијата го обжали пред белгискиот суд, кој побарал совет од Судот на правдата на Европската унија.
Судот на правдата на Европската унија, со седиште во Луксембург, смета дека не треба да има директна дискриминација во таквата забрана.
Судиите истакнаа дека внатрешното правило на компанијата, што забранува видливо носење религиозни, филозофски или духовни симболи, не претставува директна дискриминација, доколку се однесува на сите работници на општ и неселективен начин.
Подготвено од А.Ѓ.