31.10.2022 Скопје
Од 1 јули следната година, странците во Хрватска ќе можат да купуваат земја без ограничувања. Сега, ќе биде поедноставно и се ќе стане полесно по влегувањето во Шенген.
Досега странците можеа да купат земја само доколку, отвораа фирма во Хрватска.
Експертите за недвижности истакнаа дека има интерес од странци, најмногу од поголемите корпорации. Додека на хрватскиот народ не му е исплатливо да има мала земја и да ја обработува без субвенции.
Хрватска и натаму е најевтина во ЕУ по цени на земјиштето, околу 3.400 евра за хектар обработливо земјиште. Додека, на пример, во Словенија просекот е 20.000, а најскапа е Холандија со 70.000 евра.
Подготвено од А.Ѓ.