28.10.2022 Скопје
Јенс Столтенберг, генералниот секретар на НАТО, изјави дека руската победа во Украина би била лоша за сите во Европа и Северна Америка.
Според Столтенберг, руската победа би испратила порака до авторитативните лидери дека сите цели можат да се постигнат со употреба на сила.
За ситуацијата во Украина, Столтенберг смета дека успесите на Киев на бојното поле не би биле можни без поддршката на НАТО. Воедно, е убеден дека Вашингтон ќе продолжи да испраќа воена и финансиска помош за Киев, бидејќи победата на Путин во Украина, исто така, би била катастрофа за Украинците.
Американските медиуми пренесуваат дека Пентагон планира да испрати во Украина нов пакет оружје и друга помош во вредност од 275 милиони долари.
Подготвено од А.Ѓ.