https://www.flickr.com/photos/vladacg/52112140704/in/photolist-2k3W9CT-2k3RFqq-2k3RDPj-2k3Wb9U-2k3RG1D-2mZx5dB-2nwepHq-2noX7bp-2noXhKx-2noRNw7-2k3RGkX-2k3RG94-2k3W9oQ-2k3Vt2Y-2k3VtV6-2k3REso-2k3Wa7y-2k3Wa4x-2k3VtxT-2k3REWe-2k3WaNJ-2k3WaXm-2k3WatW-2nwmNLU-2nwkP98-2nwmNML-2nwkDw2-2nwmNN7-2nwkP8M-2mZoJpe-2noYkSy-2nwe9xa-2noRvVG-2noWYDN-2noWN8W-2nwjoTv-2mZjWhX-2mZkvnr-2mZkvp5-2noWNb1-2mZoQfN-2mZoJh5-2mZkvjW-2mZkvkx-2mZf9ZB-2mZjWaH-2mZf9Yz-2mZmNHh-2nHxp2B-2nHHmR9

26.10.2022 Скопје

Стјуарт Пич, специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, денеска престојува во посета на Република Северна Македонија.

Пич ќе има средба со претседателот Стево Пендаровски, претседателот на Собранието, Талат Џафери, претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, првиот заменик на премиерот Артан Груби, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерката за одбрана Славјанка Петровска и со лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Британската амбасада во Скопје соопшти дека целта на посетата е да се разговара за понатамошниот развој на односите меѓу двете земји, да се повтори силната посветеност на Обединетото Кралство на евро-атлантската интеграција на Република Северна Македонија и да се потврди посветеноста за зајакнување на стабилноста, демократијата, владеењето на правото и справувањето со криминалот и корупцијата во земјата и регионот на Западен Балкан.

Стјуарт Пич попладне заедно со министерката за одбрана Славјанка Петровска и британскиот амбасадор во Скопје, Метју Лосон, ќе присуствуваат на примопредавањето на донацијата од Обединетото Кралство која вклучува 14 мобилни единици за обука за припадниците на Армијата во урбана средина.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author