16.10.2022 Скопје
Советот на Народна банка на седницата која беше одржана на 13 октомври 2022 година, донесе Одлука во која е најзначајно вклучувањето на српскиот динар на курстната листа на Народна банка.
Одлуката ќе почне да се применува од Кустната листа формирана на 1 ноември 2022 година. Со вклучувањето на српскиот динар во листата на валути кои може да се купуваат и продаваат на девизниот пазар, се отвара можноста за поедноставување на економската соработка и се дава поттик на економските субјекти во интензивирање на трговските и финансиските текови меѓу Северна Македонија и Србија.
Одликата за вклучување на српската валута во рамки на Курсната листа, доаѓа во период на продлабочување на билатералната соработка на централните банки на двете земји, и е координирана реакција на одлуката во која Народна банка во Србија го додаде македонскиот денар на својата курсна листа.
Подготвено од М.Н.