https://www.krivapalanka.gov.mk/novosti/29567#gallery-1

12.10.2022 Скопје

Општина Крива Паланка, ја збогати културната програма на градот со уште еден настан „Средновековен фестивал 2022“, логор со средновековен стил и манири на живеење, кој привлече голем број на граѓани и посетители во градот за време на празниците 8 и 9 октомври.

На кејот на Крива Река, на летната културна сцена во Крива Паланка се одржа фестивалот, кој што Локалната установа Градски музеј Крива Паланка, го реализираше во рамки на проектот „Одржливо искористување на културното наследство на Крива Паланка и Дупница“.

Стимулација на средновковно село, средновековни битки и логори, работилница за изработка на средновековни шлемови, книговез, иконопис, грнчарство, костими од време на средниот век, стрелаштво и уште многу други настани беа дел од богатата програма која привлече огромно внимание кај жителите на градот, но имаше и бројни туристи од соседна Бугарија и Србија.

Овој проект е финансиран од ИПА, програма која е за прекугранична соработка меѓу Бигарија, Северна Македонија и Европската Унија, а коорганизатор заедно со Градскиот музеј бил и Историски поставки „Чигот“ од соседна Бугарија.

Подготвено од М.Н.

About Author