15.10.2022 Скопје
Во трговскиот центар „Бисер“ во Општина Аеродром, вчеравечер, се собрале огромен број на ученици на „договорена тепачка“, а ескалацијата ја спречила полицијата, која претходно од непознати извори била информирана за овој настан.
Децата биле насобрани во трговскиот центар и околу него, но полицијата со брза реакција успеала да ги разбие групите.
„Договорените тепачки„ стануваат се почести во нашата држава, минатиот месец беше објавена снимка од сличен инцидент во Дебар Маало, која предизвика многу реакции на социјалните мрежи.
Дали ова е некој нов тренд кој што може да предизвика сериозни проблеми кај младата популација не е познато, но треба да биде сватено многу сериозно, вчеравечер за среќа групите се разбиени, но незначи дека на друго место нема повторно да има ваква „договорена тепачка“ која може да биде завршена со фатални последици.
Од страна на Министерството за внатрешни работи, се уште нема официјална изјава за синоќашните случувања во Општина Аеродром.
Подготвено од М.Н.